Летен и лесен рецепт за овошна пита со капинки! Одвојте малку време и направете овошно засладување за целото семејство.
Овој интересен рецепт за лисната овошна пита ни доаѓа од кујната на Клара. Едноставно се прави, а нема потреба од матење со миксер. Фантастичната комбинација на лиснато тесто, капинки и вино, мора да се проба.

Состојки:
- 250 гр лиснато тесто
- 250 гр овошје (овде се капини, а можи и со малини, јагоди или мешано)
- 250 мл бело вино
- 250 мл вода
- 4-5 лажици шеќер
- 3 лажици пченкарен скроб (нишесте)
- 1 кесичка шлаг пена за украсување.
Подготовка:
- Овошјето, шеќерот, водата и виното се ставаат во тенџере на оган, на умерена температура. Филот се остава да се динста за време од околу 15 минути. Повремено се меша со лажица.
- Скробот се разматува со малку вода и на крај се додава во тенџерето. Се меша додека се добие овошен крем.
- Лиснатото тесто се развлекува врз набрашнета површина и се става врз подмачкан калап, така што ќе ги опфати и страничните делови. Потоа, лиснатото тесто задолжително покријте го со хартија за печење. Калапот ставете го да се пече во загреана рерна на 200 степени за време од 15 минути.
- Печеното тесто, извадете го од рерна и врз него нанесете го овошниот фил. Питата оставете ја да се излади за време од неколку часа, за да се стегне филот.
- Шлаг пената припремете ја според упатството. Изладената овошна пита исечете ја на парчиња. Послужете ја со шлаг пена и по некое зрно овошје. На здравје!
Рецептот го испратил: Клара Бос.
Ви предлагаме да прочитате: Кремаста непечена торта со овошје.