Тестенините се омилено јадење на многумина, а ако имаат дополнителен сос тогаш се полн погодок за ручек или вечера. А што би рекле за макарони во сос од топено сирење?
Нашата пријателка Лана на блогот Kuhinjica Mignone ни претстави вкусен рецепт за макарони со шунка и грашок во сос од топено сирење. Комбинацијата на овие состојки звучи привлечно и вреди да се проба. А штом ги направите не заборавајте да ни пишете во коментар како ви се допадна вам и на целото семејство.
Состојки:
- 400 грама тестенини по избор
- 200 грама шунка
- 200 грама грашок
- 1 главица лук
- 60 грама путер
За сос:
- 250 мл млеко
- 125 грама топено сирење
- црн пипер.
Подготовка:
- Во тенџере на оган, на средно висока температура ставете вода да се загрее. Во зовриената вода додајте ги тестенините и варете ги за време од 7 до 10 минути, во зависност од упатството. Начинот за најдобро варење на тестенини, прочитајте го тука.
- Шунката и кромидот исечкајте ги на мали коцки.
- Грашокот ставете го во тенџере со вода да се вари. Варениот грашок добро исцедете го од водата.
- Во тава на оган, ставете малку масло и путерот за да се растопи. Во растопениот путер додајте го ситно исечканиот кромид и пропржете го додека омекне и добие златеста боја. Потоа, во тавата додајте ја сечканата шунка и кратко пропржете, додека шунката порумени.
- Во тавата со кромид и шунка додајте го варениот грашок и кратко динстајте. Зачинете со црн пипер по вкус.
- Во друго тенџере ставете го млекото и коцките топено сирење. Тенџерето ставете го на оган на тивка температура и мешајте го постојано за да се растопи сирењето. По желба, во сосот додајте мелен црн пипер или мускатно оревче.
- Варените макарони измешајте ги со шунката и грашокот, а потоа прелијте ги со сосот од топено сирење. Внимателно измешајте ги и посолете по вкус. Приготвените макарони со сос од топено сирење послужете ги додека се топли. На здравје!