Секој има свој начин на подготовка, а во оваа прилика ви предлагаме наш испробан рецепт за малиџано од црвени пиперки. Совршено оди во прилог со парче сирење и топол печен леб. Искрено ви препорачуваме оваа година за зимница да си направите и неколку тегли малиџано од црвени пиперки, ќе ви го збогати зимното уживање на трпезата!
Иако малиџаното е слично со ајварот, тоа сепак има некои разлики не само во вкусот и бојата, туку и по состојките кои се користат за негова подготовка. Па така, за малиџано покрај пиперки се користат и модри патлиџани и сенф кои му даваат карактеристичен вкус на ова традиционално македонско јадење.
Состојки:
- 25-30 кг црвени пиперки за ајвар
- 10 средно големи модри патлиџани
- 1,5 – 2 литри Брилијант масло
- 100 грама шеќер
- 50 мл винска киселина
- сол по вкус
- 5 лажици сенф.
Подготовка:
- Пиперките се мијат, па им се отстрануваат дршките и семките.
- Се печат и се собираат во поголем сад затворен со капак, со цел полесно лупење.
- Излупените пиперки, исчистени од преостанатите семки и црни лушпи, се процедуваат неколку часа или најдобро е да се остават преку ноќ, на ладно место.
- Модрите патлиџани се мијат и се печат во рерна додека убаво омекнат. Потоа се лупат од кората и се мелат со машина.
- Исцедените пиперки се мелат со машина и се ставаат на оган да се пржат.
- Откако течноста од пиперките ќе испари и се запржат, се додаваат претходното припремените модри патлиџани.
- Повторно кратко се пропржува, а потоа се додаваат Брилијант маслото, киселината, шеќерот и солта.
- Пржете 2 часа со повремено мешање. Можете да препознаете дека малиџаното е готово кога е доволно густо и се „лепи“ на дрвената лажица со која мешате или пак останува трага по дното на тенџерето при мешањето.
- На 10-тина минути пред крајот од пржењето се додава сенфот.
- Жешкото малиџано се собира во чисти и претходно затоплени тегли на 50 степени. Добро се затвора и така затворени се оставаат да стојат на истата температура уште 15-20 минути. Уживајте во светот на вкусовите со Витаминка!
Ви препорачуваме да прочитате: Традиционален македонски ајвар.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.