Мафини со пире од јаболка и цимет

Комбинацијата на јаболко и цимет ни е омилена. А штом станува збор за сочни мафини со пире од јаболка и цимет, тешко кој може да одолее.

Многу едноставен и лесен рецепт за мафини ни испрати Клара. Сликата кажува се, а на вас останува да ги направите и да ги дегустирате во првата прилика.

мафини со пире од јаболка

Состојки:

  • 100 гр маргарин или путер
  • 150 гр шеќер
  • 2 јајца
  • 80 мл млеко
  • 250 гр брашно
  • 1 лажица нишесте
  • 1 прашок за печиво
  • 2 јаболка
  • шеќер во прав
  • цимет.

Подготовка:

  1. Растопете го маргаринот во млекото и оставете го малку да подизлади.
  2. Во сад за матење ставете ги јајцата и шеќерот. Изматете ги со миксер додека шеќерот се растопи и се добие густа смеса.
  3. Во садот со изматените јајца додајте ги растопениот маргарин со млекото и измешајте.
  4. Во друг сад измешајте ги брашното, нишестето и прашокот за печиво.
  5. Смесата со брашно додајте ја во садот со матените јајца и измешајте со лажица додека се соединат.
  6. Наполнете ги калапите за мафини до висина од 2/3 со смесата.
  7. Јаболката исчистете ги и излупете ги. Изблендирајте ги јаболката во пире. Во зависност од киселоста и желбата за блажина додајте шеќер во прав, а спрема вкус додајте мелен цимет.
  8. Врз секој наполнет калап ставете по една полна лажица од јаболковото пире.
  9. Мафините печете ги за време од 10 минути во загреана рерна на 220 степени. Печените мафини со пире од јаболка извадете ги од рерната и оставете ги да се изладат.
  10. Одозгора по желба посипете ги со шеќер во прав измашан со цимет. На здравје!

Рецептот го испратил: Клара Бос.

Ви предлагаме да прочитате: Овесни мафини со јаболка без брашно.

Сподели: