Мимоза салата

Мимоза салата – празнична салата со варени јајца

„За весели и среќни празници! Чинии полни со љубов и радост со најблиските. Овие велигденски празници направете мимоза салата – со која ќе ги искористите варените велигденски јајца. 

Може да ја направите вo чаши, како и јас, или во поголема чинија. Како и да се одлучите, ветувам дека ќе ви се допадне и ќе ја краси велигденската трпеза.“ – вели Марија.  

Мимоза салата со варени јајца

Состојки:

Мимоза салата со производи

Подготовка:

  1. Во чинија ставете 200 мл павлака и додајте 100 мл мајонез. Измешајте ги.
  2. Компирите, саламата, киселите краставички и сирењето изрендајте ги на крупната страна од рендето. Ставете ги во различни чинии. Белките одвојте ги од жолчките. Белките изрендајте го со рендето, а жолчките испасирајте ги со виљушка. Белките измешајте го со сирењето. 
  3. Во секоја од чиниите, освен во жолчките додајте по 1-2 лажици од смесата со павлаката. Измешајте. 
  4. Во чаши или поголема чинија редете ги слоевите. Започнете со компирите, па додајте ред шункова салама, ред кисели краставички, ред белки со сирење. Горната страна декорирајте ја со жолчките и листови нане по желба. Среќни празници ви посакуваме Сѐ за храна и Млекара Тетово!
Мимоза салата

Разгледај повеќе велигденски идеи и заследи ме:

Може да те интересира: Кинеска салата со ориз.

*Рецептот е овозможен од Млекара Тетово.

Сподели: