Мраморен колач

Мраморен колач

Колачот во форма на куглоф обично се прави за празници, но всушност е идеален десерт за секој ден. Се подготвува брзо и лесно, па е идеален за сите пригоди. Рецептот за овој мраморен колач го најдовме на блогот на нашата пријателка Андреја, па со задоволство го споделуваме со вас.

А дали знаете како овој колач го добил своето име? Се нарекува мраморен колач бидејќи неговите шари наликуваат на мермер, а се постигнуваат со нежно мешање на светла и темна смеса. Па, во продолжение прочитајте го рецептот и пробајте го во прва прилика.

Мраморен колач

Состојки:

  • 3 чаши брашно
  • 1 чаша шеќер
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 1 чаша кисела павлака
  • 1 чаша масло
  • 4-5 јајца
  • 4-5 лажици млеко
  • 3-4 лажици какао.

За декорација:

  • 100 г бело чоколадо за готвење
  • крокант кикиритки
  • смокви по желба.

Подготовка:

  1. Одвојте ги жолчките од белките и ставете ги во посебен сад. Во садот со жолчките додајте ги шеќерот и ванилин шеќерот. Миксирајте додека добиете пенлива смеса.
  2. Потоа, постепено додавајте ги маслото, киселата павлака, брашното и прашокот за печиво.
  3. Белките убаво изматете ги додека добиете хомогена смеса. Снегот од белки додајте го во садот со жолчките и со лажица убаво измешајте.
  4. Смесата поделете ја на два дела. Во едниот дел ставете какао и измешајте додека смесата се изедначи.
  5. Калапот за куглоф намрсете го и наросете го со какао за да не лепи. Наизменично полнете го калапот со светла и темна смеса.
  6. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, 30-40 минути. Готовиот куглоф оставете го 10-тина минути да излади, а потоа извадете го од калапот.
  7. Чоколадото растопете го на пареа и прелијте го колачот. Декорирајте со крокант кикиритки и парчиња смокви и послужете го. На здравје!

Совет плус:

  • За подготовка на колачот може да користите и друг калап со форма по ваша желба.

Автор на рецептот: Андреја Коцева (Рецептите на Ане).

Ви препорачуваме да прочитате: Сочен куглоф со лимон.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: