„Потребни ви се неколку состојки кои скоро секогаш ги имаме дома. Едноставно и со лесна подготовка, ќе имате ново јадење на трпезата, кое и тоа како ќе ви ја разбие секојдневната рутина! Ви предлагам да го пробате мојот најнов рецепт – мусака со спанаќ и сирење! Свежа и со удобен вкус, и за сетилата и за стомакот, ќе ве освои при првиот залак!“ – вели Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим, која ja направи оваа прекрасна мусака.
Како обожавател на млечните вкусови Катерина вели дека испроба неколку од производите на пријателите од Млекара Тетово: „Уживам кога создавам нови вкусови во кујната, а уште повеќе кога ќе видам колку многу им се допаднала мојата нова идеја на домашните. Инспирацијата за оваа мусака со спанаќ и сирење, ја добив од пријатните сеќавања на едно патување и неизбежно беше да ја реализирам, па еве како да си ја направите и вие дома. Неизмерно уживање во млечни вкусови! Од предложените состојки јас направив 2 порции, а вие слободно умножете ја дозата по потреба.“

Состојки:
- 350 г компири
За фил:
- 150 г – помала главица кромид
- 100 г спанаќ
- 2-3 лажици масло
- сол и црн пипер по вкус
- 120 г ронето Кораб кравјо сирење од Млекара Тетово
- 370 мл Кораб јогурт за прелив
За одозгора:
- 150 г рендан Кораб кравји кашкавал од Млекара Тетово
- малку црн пипер по желба.

Подготовка:
- Компирите измијте ги, излупете ги и исечете ги на потенки кругови.
- Спанаќот измијте го, исечкајте го и ставете го во тава 2-3 минути за да дехидрира, па додајте го маслото и на коцки сечканиот кромид. Кратко запржете ги и зачинете со сол и црн пипер.
- Во садот за готвење или тавата почнете со редење на кругови од компири, покријте го цело дно, па започнете со редење на состојките за фил. Додавањето на филот треба да е по половина ако е во 2 мали садови, или цел наеднаш, ако е во голем сад, а и во двата случаи, филот се става во еден слој и да е покриена целата површина со секоја состојка.
- Прво ставете од спанаќот со кромид, па додајте од ронетото Кораб кравјо сирење и налејте рамномерно од јогуртот, така што треба да си оставите малку за да ставите на горниот слој компири.
- Наредете го и вториот слој кругови од компири, па распределете го јогуртот кој претходно го тргнавте настрана.
- Печете во загреана рерна на 200 степени 1 час и 15 минути, а потоа извадете ги садовите или тавата од рерна и додајте го ренданиот Кораб кравји кашкавал одозгора. Декорирајте со црн пипер во количина по желба и според вашиот вкус, па печете уште 15-20 минути додека кашкавалот добие убава златна боја. На здравје!
Совети плус:
- За љубители на покалорични јадења, препорачувам, пред печење, заедно со кашкавалот да додадете и јајце.
- Печењето на мусаката може да биде и во голема тава, тоа не влијае на вкусот.

Препорака од авторот:
На крај, ако ви се допадна мојот рецепт и љубовта со која ја припремам и прикажувам храната, разгледајте ги моите профили каде објавувам испробани рецепти креирани во мојата кујна и заследете ме:
- Instagram: @katerina.shambevska
- Facebook: Katerina Sambevska Spasenovska.
Автор на рецепт и фотографии:Катерина Шамбевска Спасеновска, @katerina.shambevska.
Ви препорачуваме да прочитате: Кинеска салата со ориз.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.