Бидете уверени дека доколку ја знаете вистинската тактика, сигурно ќе успеете да направите најубав и највкусен домашен чипс. Погледнете го описот кој го припремивме за вас и чекор по чекор направете крцкав чипс за забава и уживање на целото семејство. Eве како може да го постигнете тоа!
Компирите се намирница и храна која има безброј начини на подготовка, а кога се претворени во чипс ретко кој не ја обожава така предложената верзија. Забавни, крцкави и неизмерно вкусни, сега може да се припремат и дома на многу лесен начин, се што треба е да ги следите чекорите подолу.

Чекор 1
Ставете длабока тава на оган, налејте една чаша масло и загрејте на висока температура.
Чекор 2
Земете млади компири, измијте ги и исечете ги на тенки кругчиња.
Чекор 3
Кога маслото ќе почне да врие, додајте ги кругчињата компири. Мешајте на секои 3 минути за да не загорат.
Чекор 4
Овој чекор е клучен за добивање на крцкав чипс, затоа е важно да го изведете правилно. Кога кругчињата компири се полуготови (омекнати), внимателно извадете ги врз хартиена крпа, а тавата вратете ја на оган за маслото добро да се сврели. Потоа вратете ги назад и оставете да се пржи.
Чекор 5
Готовиот чипс сервирајте го во чинија која е обложена со хартија, а за поизразен вкус додајте сол или зачини кои ви се допаѓаат.
Чекор 6
По желба сервирајте со некој сос и уживајте во домашниот крцкав чипс.