чоколадни коцки со бисквити

Непечени чоколадни коцки со бисквити

Брзо, лесно и едноставно направете вкусни чоколадни коцки со бисквити. Рецептот е испробан во кујната на Клара, а ние го тестиравме и потврдивме дека е успешен. Фотографијата кажува сѐ, нели?

Обожаваме непечени десерти, па овој период при рака ни се најдоа овие состојки и рековме да го заблажиме семејството и пријателите.

чоколадни коцки со бисквити

Состојки:

  • 500 мл вода
  • 3 лажици шеќер
  • 100 гр чоколадо
  • 130 гр маргарин
  • 500 гр бисквити

За глазура:

  • 250 мл слатка павлака
  • 100 гр чоколадо.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган се ставаат водата, шеќерот, чоколадото и маргаринот. Се меша со лажица за да се растопи чоколадото. Штом филот зоврие, тенџерето се трга од огнот.
  2. Бисквитите се ставаат во тава (20х30) без да се кршат и се потураат со чоколадниот фил.
  3. Со лажица убаво се потиснуваат и се остава филот да се впие и излади.
  4. Исто така, за да добиете убави коцки може да наредите еден ред бисквити, да ставите од филот, па потоа повторно да наредите бисквити и да ставите од филот. Постапката може да ја повторите во зависност од посакуваната висина на тортата. Која и постaпка да ја изберете, на крајот ќе добиете вкусен десерт.
  5. Слатката павлака се става во тенџере да се загрее. Штом павлаката зоврие тенџерето се трга од огнот. Во павлаката се става чоколадото и се меша додека се растопи.
  6. Со оваа чоколадна смеса се преливаат потопените бисквити и повторно се остава да се излади.
  7. Потоа се сечат коцки и се декорираат по желба. По желба може да ги замрзнете и да ги послужите како ладен десерт. На здравје!

Рецептот го испратил: Клара Бос.

Ви предлагаме да прочитате: Чоколадни кремасти коцки со бисквити и лешници.

Сподели: