Изгледа преубаво, па рековме мора да се проба! Благодарение на Клара имаме нов и многу лесен рецепт со ролат со кикирики и чоколадо.
За да го направите потребни ви се неколку едноставни состојки кои сигурно ги имате во кујната. Едноставно и вкусно, за целото семејство!

Состојки:
- 4 јајца
- 4 лажици шеќер
- 4 лажици брашно.
За фил:
- 300 мл млеко
- 1 ќесичка пудинг од лешници (нугат)
- 150 гр шеќер во прав
- 125 гр маргарин или путер на собна температура
- 100 гр печени несолени мелени кикирики.
За глазура:
- 100 гр чоколадо
- 50 гр маргарин
- 2 лажици шеќер во прав
- 1 ½ лажица млеко.
Подготовка:
- Во сад за матење ставете ги белките. Изматете ги со миксер додека добиете цврст шлаг.
- Во друг сад ставете ги жолчките со шеќерот и изматете ги со миксер, додека шеќерот се растопи. Во садот со матените жолчки додајте го брашно и измешајте со лажица. Потоа, додејте го шлагот од белките и измешајте со шпатула.
- Смесата ставете ја во плех обложен со мрсна хартија за печење. Плехот ставете го да се пече во загреана рерна на 190 степени, за време од 10 минути.
- Печената кора одделете ја од хартијата. Ставете ја врз влажна кујнска крпа и свиткајте ја како ролат.
- Во меѓувреме ставете 200 мл млеко да се варат во мало тенџере. Прашокот за пудинг ставете го во чинија и додајте го преостанатото млеко. Измешајте со лажица за да се добие хомогена смеса.
- Во зовриеното млеко додајте го пудингот. Мешајте додека се згусти, а потоа тенџерето тргнете го од огнот и оставете го пудингот да се излади.
- Во сад за матење ставете ги маргаринот и шеќерот во прав. Изматете ги со миксер, а потоа постепено додавајте го изладениот пудинг. Матете додека се добие хомоген фил. Во филот додајте ги кикириките и измешајте со лажица.
- Премачкајте ја кората со филот и завиткајте во ролат.
- Во мало тенџере стопете го маргаринот, па во него додајте го чоколадото искршено на ситни парчиња и мешајте да се растопи. Во меѓувреме додајте го шеќерот и млекото, па кога смесата ќе стани компактна, прелијте го ролатот. Украсете со кршени и цели кикирики по желба.
- Готовиот ролат со кикирики ставете го во фрижидер за да се стегни. Потоа, сечете парчиња и послужете. На здравје!
Рецептот го испратил: Клара Бос.
Ви предлагаме да прочитате: Благ ролат со џем од рибизли.