нудли со печурки и тиквички

Нудли со печурки и тиквички на кинески начин

За љубителите на нови вкусови и интернационалната кујна, Катерина им предлага интересен рецепт за нудли со печурки и тиквички, припремени на кинески начин. Рецептот вреди да се проба!

нудли со печурки и тиквички

Состојки:

  • 160 гр нудли
  • 1 рамна лажичка рендан свеж ѓумбир
  • 1 суво луто пиперче
  • 6 чешниња лук
  • 1 помала тиквичка
  • 12 свежи шампињони
  • 2-3 лажици соја сос
  • 1 мала лажичка јаболкова киселина
  • 4 лажици масло од сусам (во замена може да користите маслиново масло)
  • 1 лажичка сецкан свеж коријандер по желба
  • 1 перце млад кромид
  • 5 лажици вода
  • по потреба сол.

Подготовка:

  1. Во солена зовриена вода ставете ги нудлите да се варат и варете согласно упатството наведено на пакувањето. Штом нудлите ќе се сварат, тенџерето тргнете го од оган. Потоа исцедете ги нудлите и ставете ги во сад.
  2. Тиквичката исечете ја на тенки листови со помош на нож за лупење на компири. Во тенџере со зовриена вода ставете ја исечканата тиквичка да се обари најмногу 2 минути.
  3. Пиперката и лукот ситно исечкајте ги. Шампињоните исечкајте ги на листови.
  4. Во тава на оган ставете го маслото од сусам, сечканото луто пиперче, ренданиот ѓумбир и сечканото лукче. Кратко пропржете ги, а потоа додајте ги шампињоните.
  5. Откако ќе испари водата од печурките, во тавата додајте ги обарените листови тиквичка, сечканиот коријандер, соја сосот, јаболковата киселина и водата. Промешајте ги состојките.
  6. Потоа исклучете го шпоретот и додајте ги сварените и исцедени нудли.
    Промешајте убаво и сервирајте ги. Врз приготвените нудли со печурки и тиквичка наросете ситно сечкан млад кромид. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска

Сподели: