Печена брокула со моркови

Многупати сме напишале, а ќе кажеме и сега дека едноставните рецепти ни се омилени. А кога истите се здрави и лесни за подготовка, тоа е прав погодок за нас! Овој пат ви предлагаме токму таков рецепт. Одвојте малку време и направете печена брокула со моркови.

Ова здраво јадење е посно, вегетаријанско и не содржи глутен. Богато е со хранливи состојки и растителни влакна. Може да ги послужите како прилог со месо или како главно јадење во комбинација со свежа салата. Како и да се одлучите, тоа ќе биде вистински избор!

Може да ве интересира: Најдобар начин за приготвување на брокула.

печена брокула со моркови

Состојки:

  • 1 главица брокула
  • 5 до 6 моркови
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица свежо цеден сок од лимон
  • 2 чешниња лук (во замена може да користите лук во прав)
  • 2 лажици сусам
  • рендан пармезан по желба
  • сол и мелен црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Пуштете ја рерната да се загрева на температура од 210 степени.
  2. Брокулата исечете ја на цветови.
  3. Морковите исечете ги на тенки кругови.
  4. Во тава обложена со хартија за печење ставете ги брокулата и сечканите моркови.
  5. Попрскајте ги со маслиново масло и зачинете со сол и мелен црн пипер.
  6. Чешнињата лук издробете ги со алатка или исечкајте ги ситно. Потоа додајте ги во тавата со зеленчуците.
  7. Наросете со сусам.
  8. Со помош на прстите измешајте ги брокулата и морковите за да се распоредат маслото, сусамот и лукот.
  9. Тавата ставете ја да се пече во загреаната рерна за време од 20 минути. Зеленчуците не треба да бидат целосно омекнати, туку малку да крцкаат.
  10. Печените зеленчуци оставете ги кратко да се изладат. Топлата печена брокула со моркови сервирајте ги во чинија и попрскајте ги со свежо цеден сок од лимон и пармезан по желба. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Киноа со брокула и моркови.

Сподели: