печени свински котлети

Печени полнети свински котлети со кашкавал и шунка

Планирањето и подготовките за новогодишната ноќ започнаа. Сите размислуваат што да подготват за јадење, како да ја украсат трпезата, каков десерт да послужат. Доколку сте одлучиле Новата година да ја дочекате во удобноста на вашиот дом, ви предлагаме одличен рецепт за новогодишно мени. Печени свински котлети со растопен кашквал и шунка за совршен вкус! 

Празничната трпеза нека блеска! Направете ги вашите омилени салати, десерти и збогатете ја вашата трпеза со полнети свински котлети. Декорирајте со новогодишни мотиви и дочекајте ја Новата година со многу топлина, радост и незаборавни моменти!

печени свински котлети

Состојки:

  • 4 свински кременадли од Агриа (може да користите каре или бут)
  • 100 г шунка
  • 100 г кашкавал
  • 10 листови свеж босилек
  • 3 лажици лебни трошки
  • 2 лажици брашно
  • 1 лажица путер
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 гранче рузмарин
  • 2 чешниња лук
  • сол и црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Кременадлите исчистете ги од вишокот маснотии. Пресечете ги хоризонтално на половина, за да направите „џеб“ во кој подоцна ќе ги ставите кашкавалот и шунката.
  2. Со кујнски чекан внимателно разделете го секој дел од котлетот. Ставете сол и црн пипер по вкус.
  3. Во средината на секој котлет ставете по едно парче кашкавал, шунка и неколку листови босилек и преклопете го.
  4. Во посебни садови ставете ги брашното, јајцата и лебните трошки. Котлетите извалајте ги прво во брашно, па во јајца и на крајот во лебните трошки.
  5. Наредете ги во тава обложена со хартија за печење. Во тавата додајте неколку лажици маслиново масло, лук, рузмарин и путер. Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 190 степени околу 40 минути. За време на печењето котлетите превртете ги од другата страна за да добијат убава боја.
  6. Готовите котлети послужете ги додека се топли со гарнир по избор. На здравје!

Совети плус:

  • Набавете квалитетни состојки и направете ги највкусните јадења за празничната трпеза. Котлетите пригответе ги со свежо свинско месо од Агриа. Во нивните месарници во Битола, Штип и Велес, како и во Тинекс и Рамстор маркетите може да најдете свежо месо од домашно производство кое се должи на принципот „од нива до трпеза“.
  • За подготовка на рецептот може да користите и телешко месо кое исто така е достапно во месарниците на Агриа. Без разлика на изборот, гарантираме дека котлетите ќе бидат превкусни.
  • По желба, при полнењето на котлетите може да додадете и парчиња домат.
  • Котлетите може да ги приготвите и со пржење. Месото исечете го на послаби парчиња и пржете на средна температура.
полнети котлети

Ви препорачуваме да прочитате: Печени свински кременадли со кашкавал.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: