Печени ќофтиња од мелено месо, спанаќ и кашкавал 1

Печени ќофтиња од мелено месо, спанаќ и кашкавал

Вкусот на овие печени ќофтиња од мелено месо, спанаќ и кашкавал е нешто што мора да го доживеете, не е доволно само да ви објасниме, ете толку се добри! Печени, не пржени. А знаете што значи тоа нели? – Освен што подготовка е на поздрав начин, не е потребно да вложите дополнително време за готвењето. Подобро не може да биде. Идејата настана многу спонтано, а резултатот излезе исклучително добар. Веднаш се изедоа сите!

Од препорачаната доза во рецептов ќе направите 15 топчиња со големина на пинг понг топче или поголем орев. Водени од мотото брзо, лесно, вкусно, топло ви ги препорачуваме!

Печени ќофтиња од мелено месо, спанаќ и кашкавал 2

Состојки:

  • 250 гр мелено месо (мешавина од телешко и свинско, а може и само телешко)
  • 100 гр кашкавал
  • 100 гр чистен спанаќ (или околу 1 и 1/2 чаша спанаќ)
  • 1 јајце
  • околу 50 гр (1 помала главица) ситно рендан кромид
  • сол и црн пипер по вкус (од прилика по 1 рамно лажиче од секој зачин).

Подготовка:

  1. Прво припремете го спанаќот. Измијте го и ситно исечкајте го.
  2. Кромидот излупете го, измијте го и изрендајте го.
  3. Во поголем сад ставете го меленото месо, па додајте ги претходно припремениот спанаќ и кромидот.
  4. Кашкавалот изрендајте го и додајте го во садот со месото.
  5. На крај додајте го јајцето, посолете и зачинете со црн пипер.
  6. Смесата добро измесете ја со раце и обликувајте ги топчињата. Готовите ќофтиња редете ги во тава која претходно сте ја обложиле со хартија за печење.
  7. Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 220 степени, за време од 20-тина минути. Сервирајте и на здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Печени ќофтиња со тиквички и туна.

Сподели: