peceni koftinja so tikvicki i tuna

Печени ќофтиња со тиквички и туна

Повторно ве изненадуваме со уште еден вкусен и здрав рецепт од нашата кујна! Овој пат, инспирација ни беа здравите производи на Фила, со кои креиравме печени ќофтиња со тиквички и туна.

Меки, сочни и вкусни, овие ќофтиња се идеални за ручек во комбинација со сос, или пак може да ги ставите во сендвич. Не се пржат, а потребни ви се 20-тина минути да ги направите. Топло ви препорачуваме да ги пробате и сигурни сме дека ќе бидат дел од вашето мени. Без пржење, не содржат глутен, здрави и како што кажавме многу вкусни!

печени ќофтиња со тиквички и туна

Состојки:

  • 2 помали тиквички
  • хималајска сол и мелен црн пипер по вкус
  • 1 конзерва туна од 185 грама
  • 1 лажица ленено семе од Фила (може да го купите тука, во поголемите маркети или продавници за здрава храна)
  • 1 лажица ладно цедено сончогледово масло од Фила (може да го купите тука, во поголемите маркети или продавници за здрава храна)
  • 2 јајца
  • 2 лажици мелени овесни снегулки
  • ситно сечкан свеж копар (може да користите и сушен копар) по вкус
  • пченкарно брашно по потреба.

Подготовка:

  1. Тиквичките ги миеме и ги рендаме на крупната страна од рендето. Ги посолуваме и ги оставаме околу 10 минути.
  2. Потоа убаво ги цедиме од водата и ги ставаме во длабок сад.
  3. Туната ја цедиме од маслото и ја додаваме во садот со ренданите тиквички. Мешаме и ги додаваме лененото семе, ладно цеденото масло, јајцата, овесните снегулки и копарот. Повторно мешаме и посолуваме со сол и мелен црн пипер.
  4. По потреба во смесата додаваме мелени овесни снегулки. Важно е да се добие мека смеса. Со помош на поголема лажица земаме од смесата и формираме ќофтиња.
  5. Во чинија ставаме пченкарно брашно. Во садот со брашното ги валкаме ќофтињата од двете страни. Потоа ги редиме во тава обложена со хартија за печење.
  6. Ќофтињата од тиквичка и туна ги печеме во загреаната рерна за време од 15 минути или додека поруменат. Печените ќофтиња од тиквички и туна ги вадиме рерната и ги оставаме кратко да се изладат. Ги сервираме додека се топли со салата и сос по желба. На здравје!
peceni koftinja so tikvicki i tuna

Ви предлагаме да прочитате: Здрава пита со ленено семе и сончоглед.

Сподели: