Љубители на риба, време е за ново гастрономско уживање! На блогот на нашата пријателка Лана наидовме на еден интересен рецепт за подготовка на полнет крап во сос од вино. Звучи примамливо, зарем не?
Овој рецепт е совршен за семеен ручек или кога чекате гости за време на пости. Вкусниот крап ќе ја разубави вашата трпеза и ќе ѝ даде раскошна нота на секоја пригода.

Состојки:
- 1 крап од 1,5-2 кг
- 2 моркови
- 1 китка магдонос
- 2-3 чешниња лук
- 150 мл бело вино
- 150 мл вода
- 1 лимон
- сол и црн пипер по вкус
- масло по потреба.
Подготовка:
- Крапот добро исчистете го и посолете го од внатрешната и надворешната страна.
- Потоа подгответе го полнежот. Морковите исчистете ги и изрендајте ги, а магдоносот и лукот ситно исечкајте ги. Измешајте и посолете по вкус.
- Со филот наполнете го крапот и ставете го во плех за печење.
- Лимонот исечете го на кругови. Секое парче лимон исечете го на половина.
- На горната страна од рибата со помош на нож направете неколку засеци. Во секој засек ставете по едно парче лимон, а по желба може да ставите малку лук.
- Крапот прелијте го со масло, бело вино и вода и покријте го со алуминиумска фолија.
- Печете го во претходно загреана рерна на 200 степени околу 45 минути.
- Кога рибата е при крај со печење, извадете ја фолијата и оставете ја да се печи уште дополнителни 30 минути додека добие убава боја.
- Печениот полнет крап сервирајте го со компири поросени со магдонос и зачинети со лимонов сок. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Печена шкрапина во сос од вино.