На планетава има околу 140.000 видови различни врсти на печурки, но науката е запознаена само со еден мал нивен процент. Благодарение на печурките, откриен е и пеницилиумот. Заедничко за сите печурки е тоа што тие го зајакнуваат нашиот имунитет, иако, тоа во најголема мера важи само за органски одгледаните печурки.
Органското одгледување е многу важно, затоа што печурките апсорбираат се што се наоѓа околу нив и во земјата и во воздухот, многу повеќе од сите други растенија. Така тие можат да се загадат со тешки метали и други штетни материи од земјата и воздухот кои ги опкружуваат.

Околу 100 врсти на печурки научниците ги испитуваат поради нивните лековити особини. Тие изобилуваат со хранливи состоки и се навистина здрава намирница. Многу нутриционисти сметаат дека во нив се крие спасот од многу болести на денешницата. Можеме да зборуваме со денови зошто печурките треба да ги конзумирате почесто, а во продолжение, ќе ви наведеме неколку основни причини.
Печурките содржат природни антибиотици
Антибиотиците се важни во одбраната на организмот од разни бактерии и го чуваат нашето здравје. Поради тоа што печурките го зајакнуваат нашиот организам се препорачуваат да се употребуваат како додаток во разни диети.
Помагаат за слабеење
Некои истражувања покажале дека луѓето кои консумирале печурки како замена за црвено месо побрзо и поздраво ослабеле од оние кои не ги јаделе во својата диета. Исто така, кај нив се забележало намалување на обемот на струкот, како и полесно одржување на достигнатата тежина после диетата.
Печурките содржат витамин Д
Докажано е дека екстракт од обични сушени шампињони е ефективен во лечењето на дефицитот на витамин Д (витамините Д2 и д3).
Печурките се потенцијални борци против канцерот
Многу врсти на печурки сеуште се испитуваат како потенцијални главни борци против сите облици на рак. Тука посебно се истакнуваат шитаке и реиши печурките. Тие содржат моќни антиоксиданси како што е L- ergothioneine.
Покрај погоре наведеното печурките се исто така корисни и против анемија, за балансирање на нивото на холестеролот, против дијабетес, за регулирање на крвниот притисок, за здрави коски и за уште многу други здравствени состојби.
Ви препорачуваме да прочитате: Овесна тортиља со фил од печурки.