Со оваа пита со лимон и кокос никогаш нема да погрешите кога ќе ви дојдат ненајавени гости, а сакате да ги изненадите со нешто домашно и превкусно. Питата се приготвува многу брзо и од состојки кои речиси секогаш ги имаме дома.
Освежувачкиот вкус од лимонот во комбинација со кокос е совршен спој кој ќе ги задоволи сите ваши сетила. Па, подгответе ја и уживајте во нејзиниот совршен вкус. Имаме и еден предлог кој може да ви се допадне. Пред да ја ставите смесата за пита во калапот за печење, може истиот да го обложите со лиснато тесто. Така, ќе добите совршена пита.
Состојки:
- 470 мл млеко
- 110 г кокос
- 4 јајца
- 1 лажица ванилин шеќер
- 60 г брашно
- 8 лажици стопен путер
- 150 г шеќер
- сок и кора од половина лимон
- џем од лимон по желба
- лиснато тесто по желба.
Подготовка:
- Во сад за матење ставете ги путерот, шеќерот, јајцата, кокосот, брашното и водата. Со помош на жица за матење, изматете ги состојките додека добиете хомогена смеса.
- Потоа, додајте ги кората, сокот од лимон и ванилиниот шеќер. Продолжете со матење додека смесата се соедини.
- Калапот за пита со пречник од 20 до 22 см намрсете го со путер и поросете го со брашно. По желба калапот може да го обложите со лиснато тесто.
- Во калапот ставате го тестото за питата.
- Вака подготвената пита печете ја во претходно загреана рерна на 180 степени, за време од околу 45 минути.
- Печената пита на средина треба да биде малку мека. Оставете ја да се подизлади, па премачкајте го со џем од лимон. Доколку немате ваков џем можете да употребете друг џем по ваша желба.
- Готовата пита ставете ја во фрижидер за да се стегне, за време од неколку часа, а најдобро е преку ноќ.
- Изладената пита послужете ја со парчиња свеж лимон.
Ви препорачуваме да прочитате: Брз тарт со боровинки.