Уште еден неодолив и креативен рецепт! Нашата пријателка Емилија, активна членка во групата на Сѐ за храна, повторно нѐ изненади со одличен специјалитет. Пита со тиквички која мами со својот изглед, а сигурни сме и со својот вкус. Ако не знаете што да подготвите за појадок или вечера, ова е вистинскиот рецепт за вас.
На нашата веб страница има разни рецепти за подготовка на вкусни јадења со тиквички. Денес ја збогативме со уште еден специјалитет кој вреди да се проба. Потребни ви се неколку состојки и малку слободно време за да ја направите и пробате. Во продолжение прочитајте што ви е потребно и започнете со подготовка.
Може да ве интересира и: Лиснат тарт со тиквички.

Состојки:
- 4 јајца
- 1 лажичка сол
- 10 лажици брашно
- 1 ќесичка прашак за печиво
- 1 рендана тиквичка
- 150 г шункова салама
- 150 г кашкавал
- 50 мл масло
- малку оригано по желба.
Подготовка:
- Саламата и кашкавалот исечкајте ги на коцки и ставете ги во посебен сад.
- Во подлабок сад изматете ги јајцата и додајте 1 лажичка сол.
- Брашното и прашакот за печиво измешајте ги и додајте ги во садот со јајцата. Додајте ја и ренданата тиквичка и убаво измешајте.
- Во подготвената смеса ставете 50 мл масло и оригано по желба.
- Во тава (бр.26) обложена со хартија за печење ставете ја подготвената смеса и распоредете ја. Врз неа ставете коцки шункова салама и кашкавал.
- Ставете да се печи во претходно загреана рерна на 200 степени, додека добие убава боја. На здравје!
Автор на рецептот: Емилија Минова Купенкова.
Ви препорачуваме да прочитате: Похувани печени тиквички во рерна.