пица од интегрално лудо тесто

Капричиоза пица од интегрално лудо тесто

Нашата пријателка Лана од блогот Kuhinjica Mignone е вистински експерт во кујната. Нејзините рецепти се многу популарни низ целиот Балкан. Таа за порталот Испрати рецепт приготви неколку рецепти меѓу кои и овој интересен рецепт за пица од интегрално лудо тесто.

Она што е карактеристично за лудото тесто е тоа што може да го чувате во фрижидер до 3 дена и од него да направите кифли, леб, пици и други печива по желба.

пица од лудо тесто

Состојки:

  • 700 грама меко брашно
  • 300 грама интегрално пченично брашно
  • 25 грама свеж квасец
  • 2 мали лажички сол
  • 1 мала лажичка шеќер
  • 300 мл млеко
  • 200 мл вода
  • 200 мл јогурт
  • 200 мл масло
  • сос од домати
  • шунка
  • неколку ленти сланина
  • кашкавал
  • печурки.

Подготовка:

  1. Во шолја ставете ги квасецот, ½ чаша топло млеко, 1 лажичка шеќер и малку брашно. Убаво измешајте со лажица за да се добие хомогена смеса. Шолјата ставете ја на топло место додека квасецот нарасне до површината.
  2. Во длабок сад за месење измешајте ги двете брашна, додајте сол, нараснатиот квасец и сите останати состојки. Се добро измешајте и замесете тесто кое малку ќе се лепи на рацете. По потреба додајте уште брашно, но тестото треба да биде многу меко.
  3. Добро измесеното тесто премачкајте го со масло, ставете го во поголема најлонска ќеса и затворете го. Чувајте го во фрижидер и користете го по потреба, за припрема на леб, кифли, лепињи, пици и други печива.
    Од припременото интегрално лудо тесто, одвојте ја потребната количина и обликувајте тесто за пица.
  4. Кората премачкајте ја со сос од домати, наредете сечкана шунка, сланина, печурки, а по желба може да додадете шери домати, сечкани пиперки или други состојки по вкус.
  5. На крај ставете поголема количина на кашкавал и наросете сечкан магдонос. Вака приготвената пица од лудо тесто ставете ја да се пече во загрена рерна на 200 степени за време од 25 до 30 минути.

Ви предлагаме да прочитате: Здрава интегрална пица Маргарита.

Сподели: