,,Обожавам да правам нови и вкусни комбинации, а пред сѐ нутритивно богати! Овој пат смислив поинаква пица со бел фил која ќе ве угости добро и ќе ви биде идеална замена на стандардниот пица вкус.” – срдечно споделува Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим.
,,Заради експресно брза подготовка, искористив готово тесто, а по желба може да си приготвите и сами по свој вкус. ” – додава Катерина, а за повеќе интересни рецепти од неа, погледнете го нејзиниот Инстаграм профил @katerina.shambevska.
Состојки:
*За една пица:
- готово тесто за пица
- 1-2 лажички путер
- 5-6 листови спанаќ зависно од големината
- 5-6 лажички изварка
- 5-6 лажички протеински јогурт
- 2-3 лажици Кораб рендано биено сирење
- неколку ленти кашкавал по вкус
- по желба, прстофат сол и црн пипер
- 1 јајце.
Подготовка:
- Тестото прво премачкајте го со путерот – за полесно размачкување оставете го да постои на собна температура.
- Листовите спанаќ измијте ги и нежно притиснете ги меѓу 2 слоеви на кујнска крпа да се исушат, па наредете ги врз тестото премачкано со путер.
- Потоа, рамномерно распоредете ги изварката, протеинскиот јогурт, биеното сирење и кашкавалот.
- По желба посолете и додајте црн пипер, ќе му даде посебен шарм на јадењето.
- Вака припремената пица со бел фил печете ја во загреана рерна на 250 степени прво 6 минути, па извадете ја, скршете јајце и печете ја уште 4 до 5 минути. На здравје!
Совети плус:
- Јајцето немојте да го препекувате оти ќе се стврдне и ќе биде тегаво за јадење штом се излади.
- Протеинскиот јогурт може да го замените со павлака или Natura krem од Млекара Тетово.
- Ако ми го пробате рецептот не пропуштајте да споделите со мене, ќе ми значи да слушнам како ви се допаѓа мојата креативност во кујната.
Препорака од авторот:
За повеќе испробани рецепти разгледајте ги моите профили каде објавувам рецепти креирани во мојата кујна и заследете ме:
- Instagram:@katerina.shambevska
- Facebook: Katerina Sambevska Spasenovska.
Автор на рецепт и фотографии: Катерина Шамбевска Спасеновска, @katerina.shambevska.
Ви препорачуваме да прочитате: Гурманска брза салата.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Поддржан рецепт.