пица со четири сирења

Пица со четири сирења – Quattro Formaggi

За љубителите на сирење, оваа пица со четири сирења е вистински рај! Позната е под името Quattro Formaggi, што во превод значи четири сирења. Традиционално се приготвува со моцарела, страчино, фонтина и горгонзола. Но, честопати едно од последните три сирења може да се замени со рикота.

А ние направивме комбинација со сирењата кои се достапни на нашиот пазар. Имајќи во предвид дека пармезанот и бри сирењето имаат поизразен мирис, нивната количина може да ја намалите.

пица со четири сирења

Состојки:

  • тесто за пица
  • 1/3 до ½ чаша сос за пица или кечап
  • 2 чешниња ситно сечкан лук
  • ½ мала лажичка
  • ½ мала лажичка потпечени семки од анасон
  • ¼ чаша рендана моцарела
  • ¼ чаша рендан пармезан
  • ¼ мала пита од бри сирење
  • ¼ чаша рикота (во замена може да се користи изварка)
  • мелен црн пипер по вкус
  • шампињони по желба
  • масло и пченкарно брашно по потреба.

Подготовка:

  1. Пуштете ја рерната да се загрева на температура од 250 степени.
  2. Тавата за печење намрсете ја и поросете ја со пченкарно брашно. Тестото за пица формирајте го со рацете во форма на круг. Ви предлагаме да ја направите со тестото за пица по испробан домашен рецепт. Ако немате многу време тогаш брзото тесто за пица без квасец е идеален предлог.
  3. Тестото за пица премачкајте го со доматниот сос и ставете го ситно сечканиот лук и семките анасон. По желба додајте сечкани свежи шампињони.
  4. Врз пицата ставете рендана моцарела, пармезан, бри и рикота. Зачинете со свежо мелен црн пипер. Ставете ја пицата да се печи за време од 12 до 15 минути, или додека добите убава крцкава кора.
  5. Печената пица со четири сирења послужете ја веднаш. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Домашна Пеперони пица.

Сподели: