Меки, сочни и ароматични! Баш вака можеме да ги опишеме преубавите кифлички со изварка кои ги приготви Катерина.
Сигурно ви го привлекоа вниманието, па не двоумете се да ги направите уште денес. Рецептот е испробан, а состојките кои ви се потребни се едноставни и најверојатно ги имате во кујната. Нека замириса домот на топли печени кифлички со кои ќе се израдуваат сите!

Состојки:
- 600 гр брашно
- ½ коцка свеж квасец
- 60 мл масло
- 3 лажици кисела павлака
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
- околу 250 мл топла вода.
За фил:
- 250 гр рикота или изварка
- 1 ½ лажица сечкан магдонос
- лук по вкус.
Други состојки:
- по потреба путер
- по потреба сусам, ленено семе
- 1 јајце.
Подготовка:
- Во сад за месење ставете ги брашното, квасецот, маслото, киселата павлака, солта, шеќерот и топлата вода. Замесете средно меко, не лепливо тесто.
- Садот за месење покријте го со кујнска крпа и оставете го да нарасне.
- Лукот издробете со помош на преса или ситно исечкајте го.
- Во длабок сад ставете ја изварката, сечканиот магдонос и лукот. Посолете по вкус и добро измешајте го филот.
- Откако тестото ќе нарасне, поделете го на 27 топчиња. Притоа групирајте на 9 места по 3 топчиња.
- Земете едно топче и со помош на сукало исучете го во форма на правоаголник.
- По должината нанесете од филот со изварката и завиткајте како ролат.
- Направете го истото и со други 2 топчиња.
- Од трите мини ролати сплетете плетенка, на која потоа ќе и ги споите краевите. На овој начин треба да добиете кифлички како на сликата.
- Истата постапка повторете ја и со другите топчиња.
- Готовите кифлички наредете ги во намрсен плех.
- Премачкајте ги со разматено јајце, нанесете парчиња путер и посипете ги со сусам и ленено семе.
- Печете ги во загреана рерна на температура од 200 степени за време од 30 минути (зависно од рерната).
- Печените кифлички со изварка извадете ги од рерната и покријте ги со чиста кујнска крпа. Оставете ги да се изладат за време од 5 до 10 минути, а потоа послужете ги. На здравје!
Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.
Ви предлагаме да прочитате: Брзи кифлички без нараснување.