Есента е време кога природата ни ги дарува најубавите вкусови! Модрите патлиџани ги има во изобилство на пазарите, па освен за во зимница, еве супер идеја како да ги искористите за да направите несекојдневен ручек. Вкусните полнети модри патлиџани кои се совршени и за оние кои се на хроно или кето исхрана.
Искористете ја сезоната и направете полнети модри патлиџани, кои откако ќе ги пробате, редовно ќе бидат на вашата трпеза. Рецептот го најдовме на веб страницата на Сика, па со задоволство го споделуваме со вас.

Состојки:
- 4 модри патлиџани
- 300 г месо
- 2 лажици маслиново масло
- 1 главица кромид
- 1 чешне лук
- ½ китка свеж магдонос
- 1 лажица мелен црвен пипер СИКА
- сол и црн пипер по вкус.
Подготовка:
- Mодрите патлиџани измијте ги и пресечете ги на половина по должина. Издлабете ги внимателно за да можат подоцна да се полнат, а средината од модриот патлиџан исечкајте ја на коцки.
- Откако ке ги издлабите, модрите патлиџани посолете ги и оставете ги да постојат за да се неутрализира горчината и да се испушти вишокот на вода.
- За тоа време спремете го филот. Во тава со маслиново масло додајте ги ситно исечканиот кромид и меленото месо. Кратко пропржете ги и додајте ги коцките модар патлиџан и продинстајте. На крај додајте ги мелениот црвен пипер, ситно сечканиот лук, магдоносот и зачинете со сол и бибер по вкус.
- Исушете ги патлиџаните со крпа и полнете ги со филот. Печете ги покриени со фолија во загреаната рерна на 220 степени околу 30 минути. Потоа, извадете ја фолијата и печете ги уште 20 минути.
- Печените модри патлиџани декоријате ги со свеж домат и босилок. Уживајте во готвењето со зачините на Сика!
Совети плус:
- Ако сте на кето исхрана, пред крајот на печењето може да додадете и моцарела врз филот.
- За повеќе рецепти и интересни идеи, погледнете ја веб страницата на Сика и следете ги на нивните Инстаграм профил – @sika spices и Facebook фан страница.
Ви препорачуваме да прочитате: Мексиканска салата со тестенини.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.