Идеален рецепт за посна слава! Празниците започнуваат, па сите домаќинки се во потрага по брзи и вкусни деликатеси кои ќе ја красат трпезата. Овој посен и крцкав похуван ослич во комбинација со помфрит е одличена идеја за богат ручек со семејството и пријателите. Сигурни сме дека сите ќе уживаат во фантастичниот вкус.
Осличот е исклучително вкусна риба која дозволува разни начини на припрема и овозможува експериментирање со вкусовите. За претстојните празници ви предлагаме да направите посен похуван ослич кој може да го послужите за ручек или вечера.
Состојки:
- 500 г ослич
- 1 ½ чаша брашно
- 1 чаша пиво
- 1 ½ лажичка мелена црвена пипер
- 1 ½ лажичка мешан зачин
- помфрит
- масло за пржење.
За похување:
- брашно
- лебни трошки.
Подготовка:
- Во сад ставете го брашното. Додајте мелена црвена пипер и мешан зачин. Убаво измешајте.
- Во садот со брашото постепено доавајте го пивото и мешајте со жица за матење. Густината на смесата треба да биде како смеса за палачинки.
- Од осличот исечете филети и отсранете ја коската.
- Во посебни садови ставете ги брашното и презлата. Филетите прво извалајте ги во брашно, па во смесата со пиво и на крај во презлата.
- Филетите пржете ги во тава со претходно загреано масло, на средна температура додека поруменат.
- Во поголема количина на масло испржете го и помфритот.
- Похуваниот ослич сервирајте го со помфрит и послужете го. На здравје!
Совети плус:
- Осличот е риба која лесно се филетира. Ова најлесно ќе го постигнете ако осличот е половично одмрзнат.
- Похуваниот ослич ќе биде уште повкусен доколку го послужите со посен тартар сос.
Ви препорачуваме да прочитате и: 3 рецепти за подготовка на риба за слава.