посен сутлијаш

Посен сутлијаш со кокосово млеко

Сега ќе може да уживате во вкусот на сутлијашот и за време на постите. Направете го овој рецепт за посен сутлијаш и уживајте во интересната комбинација и прекрасна арома на ориз, кокос и цимет.  

А што е уште подобро, наместо да купувате кокосово млеко, истото може да го направите дома од кокосово брашно. Ние често си правиме кокосово млеко и го користиме во различни десерти и кафе, па ако досега не сте пробале, направете го сега. Рецептот за кокосовото млеко прочитајте го тука.

Ова е здрав десерт без глутен, а може да го јадат и вегетаријанци.

посен сутлијаш со кокосово млеко

Состојки:

  • ½ чаша ориз
  • 1 ½ чаша вода
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • 300-350 мл кокосово млеко
  • по потреба цимет.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган, на умерена температура ставете го оризот и водата.
  2. Откако водата во тенџерето ќе зоврие, намалете ја температурата на најтивко, покријте го со капак и оризот варете за време од 10 минути.
  3. Потоа додајте го шеќерот и кокосовото млеко, и продолжете со варење додека оризот убаво омекне.
  4. Варениот посен сутлијаш ставете го претходно измиени садови и оставате го да се излади.
  5. На крај, во секој сад со сутлијаш наросете малку цимет и послужете го. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигоровска.

Ви предлагаме да прочитате: Рецепт за сутлијаш со пудинг.

Сподели: