посна пита со пиперки

Посна пита со пиперки

Ладно време и топла пита во кругот на семејството! Моменти на уживање кои секој би ги посакал. Па, ако сакате да експериментирате во кујната, време е да го пробате овој нов рецепт за посна пита со пиперки. 

Подготовката на питата нуди повеќе можности. Може да изберете зеленчук по желба, како праз, спанаќ или маслинки. Истите можете да ги додадете во тестото или пак да ги наредете на површината. Доколку на располагање имате спанаќ, подобро ќе биде да го додадете во тестото.

посна пита со пиперки

Состојки:

  • 500 г брашно
  • 40 г свеж квасец
  • 1 мала лажичка шеќер
  • 350 мл топла вода
  • 150 мл масло
  • 1 мала лажичка сол
  • ½ мала лажичка оригано
  • пиперки, праз, маслинки или спанаќ по желба.

Подготовка:

  1. Во длабок сад за месење ставете ја топлата вода, квасецот и шеќерот. Измешајте додека се растопи квасецот и оставете го неколку минути да нарасне.
  2. Во меѓувреме исечкајте ги пиперките на коцки.
  3. Откако квасецот ќе нарасне, во садот додајте ги маслото, солта, брашното и убаво измешајте со лажица за да се добие хомогена смеса. Од наведените состојки замесете меко тесто. По желба, пиперките можете да ги додадете во тестото или да ги ставите на површината.
  4. Во намрсена тава бр.30 (може да користите и поголема тава), рамномерно распоредете го тестото. Врз тестото се ставаат сечканите пиперки и се поросува со оригано. Вака приготвената пита се остава да нарасне за време од 15 до 20 минути.
  5. Потоа се става да се пече во загреена рерна на 200 степени за време од 20 минути, по што се намалува температурата на 180 степени и питата се пече дополнителни 10 минути.
  6. Печената посна пита со пиперки се остава да се излади за време од 10-тина минути, а потоа се сече и служи. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Италијанска посна интегрална пита (пјадина) со праз.

Сподели: