Има некој што не обожава пица? Сигурно, не! Ако во деновите за пости ви се каснува пица, а не знаете добар рецепт, сега тоа е минато. Еве еден супер рецепт од кујната на Катерина, за вкусна посна пица направена со свежи печурки и доматен сос.
Без разлика дали постите или сте вегетаријанец, овој рецепт вреди да го пробате.

Состојки:
- 400 грама брашно
- ½ коцка квасец
- 1 мала лажичка сол
- 3 – 4 лажици маслиново масло
- по потреба топла вода
- 300 грама соја трошки
- 6 лажици доматна салса
- 350 грама растителен кашкавал по желба
- 400 грама свежи шампињони
- по потреба маслиново масло
- оригано.
Подготовка:
- Во длабок сад за месење ставете го пресеаното брашно. Во садот додајте ги квасецот, солта, маслиновото масло и измешајте ги состојките. Постепено во садот додавајте топла вода и замесете меко, но нелепливо тесто.
- Добро измесеното тесто, ставете го во садот, покријте го со кујнска крпа и оставете го да нарасне за време од 15 до 20 минути.
- Во меѓувреме, во тенџере на оган ставете 1 литар вода да се загрее. Штом водата ќе зоврие, ставете ги соја трошките и оставете ги за време од 10 до 15 минути. Потоа, омекнатите соја трошки добро исцедете ги од водата.
- Шампињоните исечкајте ги на тенки листови.
- Нараснатото тесто, поделете го на 2 дела. Од секој дел со помош на рацете развлечете кора.
- Корите ставете ги во тава за печење, која претходно сте ја намрсиле.
- Премачкајте ги со доматна салса, наредете го кашкавалот, соја трошките, па додајте ги сечканите печурки.
- Готовите пици попрскајте ги со маслиново масло и малку оригано.
- Печете во загреана рерна од 200 степени за време од 20 минути. Печената посна пица, извадете ја од рерната и оставете ја кратко време да се излади. Потоа, пресечете ја на парчиња и послужете. На здравје!
Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.
Ви предлагаме да прочитате: Посна пица со туна и печурки.