Ги обожаваме рецептите на Невена и со радост ги споделуваме со вас! Време е на пости, па еве еден предлог за вкусна посна чорба од компири, грашок и морков, и тоа подготвена без масло.
Може да ве интересира: Рецепт за посна чоколадна торта без масло и Посна алва (без масло).

Состојки:
- 700 гр компири
- 150 гр замрзнат грашок
- 2 големи моркови
- 1/2 главица кромид
- 2-3 гранчиња магдонос
- 1-1.2 л вода
- 1 лажиче мешан сув зачин
- сол и црн пипер по вкус.
Подготовка:
- Компирите и морковите измијте ги и излупете ги, а потоа исечкајте ги на помали коцки, а кромидот и магдоносот на поситно.
- Заедно со грашокот ставете ги во тенџере, додајте ја водата и зачините по вкус.
- Оставете ги да варат околу 15- 20 минути додека компирот омекне.
- Кога омекнал извадете на страна неколку компири и изгмечете ги со вилушка. На овој начин на чорбата ќеи дадете убава густина.
- Вратете ги во садот со чорбата и оставете ја да повари уште 2-3 минути, а потоа послужете ја, со лепче или салата по ваш избор.
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.
Ви препорачуваме да прочитате: Домашни посни лепчиња без масло.