Супер се вклопуваат со шолја кафе! Меки, сочни, сунѓерести и неодоливо вкусни! Мора да се пробаат, за да почувствувате колку се убави и вкусни. Од овој рецепт ќе добиете 10-12 посни американски палачинки со рум, зависно од големината што ќе ја изберите!
Доволни се за да се израдувате себе и своите сакани, па пробајте ги. Деновиве се одлична прилика за тоа.

Состојки:
- 200 гр брашно (по желба може да користите ржано)
- 350 гр бадемово или оризово млеко
- 50 гр кафеав шеќер, мед или стевиа по вкус
- 50 гр стопен маргарин или 50 мл растително масло
- 1 ќесичка прашок за печиво
- 1 лажица екстракт од рум.
Подготовка:
- Во поголем чист сад ставете ги прво сувите состојки. Измешајте го брашното со печивото и кафеавиот шеќер.
- Потоа додајте го бадемовото млеко, маргаринот или маслото и екстрактот од рум.
- Со помош на миксер убаво изедначете ја смесата, а потоа употребете мерица за дозирање или црпалка и определете колку големи сакате да бидат палачинките. Препорачуваме да употребувате количина на половина црпалка доколку е поголема или полна црпалка ако станува збор за помала.
- Палачинките се испечени кога ќе се појават меурчиња на горната страна. Од прилика за 3-4 минути е доволно за секоја страна, а огнот треба да биде тивок. Сервирајте со мед, мармалад или јаворов сируп и на здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Рецепт за највкусните американски палачинки.