Еве еден предлог за коктел кифлички од лиснато тесто со посни додатоци, декоративни и погодни за именден, роденден, слава…
Рецептот ни доаѓа од кујната на Невена, а ние ќе го препорачаме за сите домаќини и домаќинки, кои не сакаат многу време да минуваат во кујната, немаат големо искуство за месење, а сакаат да го изненадат семејството и пријателите.

Состојки:
- 1 лист од 275 гр лиснато тесто
Додатоци по потреба:
- шери домати, оригано
- туна и капари
- маринирани печурки
- црни и зелени маслинки.
Подготовка:
- Најпрво подгответе ги додатоците за одозгора.
- Шери доматите исечете ги на крукчиња, туната исцедете ја од маслото, капарите и печурките од течноста. Маслинките исечете ги на крукчиња или на четвртинки или осминки.
- Рерната вклучете ја да се загрева на 200 степени.
- Лиснатото тесто исечете го на квадрати од 5 см или поголеми, по ваша желба.
- Ставете ги во тава за печење.
- На некои квадрати ставите парче домат и посипете го со малку оригано, на некои малку туна и 1-2 капари, на некои печурки и маслинки.
- Јас неколку ги направив со два квадрати еден над друг и меѓу ги намачкав со малку вода да се залепат и така да ми дојдат повисоки.
- Ставете ги да се печат во загреаната рерна за време од 15 минути. Печените кифлички од лиснато тесто оставете ги кратко да се изладат, а потоа послужете ги. На здравје!
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.
Ви предлагаме да прочитате: Пица од лиснато тесто – тарт.