Посните коцки со кокос и портокал потекнуваат од австралискиот регион, а хрватската варијанта на подготовка е претставена на блогот Trydiani. Овие вкусни посни коцки потопени со чоколадна глазура се популарен десерт, а претставуваат слатко задоволство за сечиј вкус.

Состојки:
- 1 чаша шеќер
- 1 чаша сок од портокал
- 1/2 чаша масло
- 2 чаши брашно
- 1 ќесичка прашок за печиво
- малку сол
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- кора од 1 портокал.
За глазура:
- 50 гр какао
- 150 гр маргарин
- 100 мл млеко од соја
- ½ чаша шеќер
- 1 лажица ликер од кафе, кора од портокал или арома по ваш вкус
- 200 гр кокосови трошки.
Подготовка:
- Во длабок сад се ставаат брашното, шеќерот, сокот од портокал, маслото, солта, прашокот за печиво, ванилата и кората од портокал. Се мешаат убаво сите состојки за да се добие хомогена смеса.
- Во тава обложена со хартија за печење се става смесата за колачот. Се пече во загреена рерна на 180 степени за време од 25 до 30 минути.
- Испечениот колач се вади од рерната и се остава да се излади. Потоа се става во фрижидер да стои за време од 12 часа, за да може убаво да се стегне и полесно да се сече во правилни коцки.
- Глазурата се припрема така што во сад на оган се ставаат маргаринот, млекото и шеќерот. Состојките се мешаат за да се растопи маргаринот и шеќерот. Потоа во садот се додаваат ликерот, какаото и повторно се мешаат сите состојки. Садот се трга од оган.
- Изладените посни коцки се потопуваат во чоколадната глазура и се наросуваат со кокосови трошки.