„На многумина сникерс чоколадото им е омилено. Ако и вие сте дел од обожавателите на кикиритки и чоколадо, ви предлагам да го пробате овој рецепт за посни сникерс бомбици. Едноставно, лесно и без маргарин направете вкусни мали чоколадни колачиња кои совршено би се вклопиле на секоја трпеза.“ – вели Марија од напиот тим.

Состојки:
- 100 мл вода
- 2 лажици шеќер
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- 200 грама посно чоколадо за готвење
- 300 грама толчени или крупно мелени кикири за слатки
- 200 грама толчени или крупно мелени посни бисквити
- 2 лажици масло.
Подготовка:
- Водата, шеќерот, ванилата ставете ги во тенџере на оган. Повремено мешајте ги за да се растопи шеќерот.
- Штом шербетот ќе зоврие тенџерето тргнете го и додадете 100 грама чоколадо. Мешајте за да се растопи чоколадото.
- Во тенџерето додадете ги бисквитите и 200 грама кикири. Измешајте за да се добие хомогена смеса и оставете го тенџерето во фрижидер за време од 30 минути.
- Од изладената смеса формирајте бомбици. Бомбиците ставете ги во замрзнувач за време од 2 до 3 часа, а најдобро е преку ноќ.
- Преостанатото чоколадо растопете го во сад на пареа. Во чоколадото додадете 2 лажици масло и измешајте.
- Изладените сникерс бомбици прелијте ги со растопеното чоколадо и валкајте ги во преостанатите кикири. На здравје!
Препорака од авторот:
Aко ти се допадна овој рецепт, заследи ме на социјалните мрежи и разгледај повеќе идеи:
- Instagram – @kocovska.marija
- Facebook – Marija Kocovska
- Tik Tok – @marija.kochovska
Автор на рецептот: Марија Кочовска, @kocovska.marija.
Ви препорачуваме да прочитате: Посни чоколадни мафини со портокал.