Посни солени стапчиња со сенф

Имаме нов рецепт за крцкави посни солени стапчиња со сенф. Ги направи Диана, па го сподели рецептот со нас. Изгледаат фантастично вкусни, па решивме да ги пробаме.

Сите сакаат да грицкаат, да гледаат филм и да се дружат со пријателите. А за убаво друштво, потребни се вкусни грицки, како овие посни солени стапчиња со сенф. Направете ги и вие, па заедно да грицкаме!

посни солени стапчиња

Состојки:

  • ½ чаша топла вода
  • 2 чаши брашно
  • 2 лажици сенф
  • 1 мала лажичка сув квасец (околу 3 грама)
  • 1 мала лажичка сол
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица масло
  • едно чешне лук или лук во прав по желба
  • ¼ чаша сусам за декорација.

Подготовка:

  1. Во сад за месење ставете ги брашното, солта, шеќерот, сувиот квасец, маслото и сенфот. Доколку сакате да додадете лук во тестото, истиот се сечка ситно.
  2. Тестото се убаво се меси, а може да се користи и миксер со маталки за тесто.
  3. Работната маса се посипува со брашно. Врз неа се става тестото и се сучи тенка кора. Од кората се сечат ленти. Лентите се виткаат врз намрсени дрвени стапчиња за ражничи. По желба може да се остават како долги ленти или да се свиткаат како двојни спирали.
  4. Рерната се загрева на 190 до 200 степени. Соленките се валкаат во сусам и се редат во тава обложена со хартија за печење. Се печат за време од 15 до 20 минути, додека добијат златно румена боја. Печените солени стапчиња со сенф може да ги послужите топли или изладени. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: 4 проверени рецепти за солени стапчиња – гризини.

Сподели: