Изобилство и совршен спој на вкусови! Едноставен рецепт за посно ашуре кој ни го подготви Ана Наумовска. Традиционален турски десерт кој уште се нарекува и јадење на љубовта и хуманоста. Изобилува со многу витамини и е одличен извор на енергија. Одличен оброк за децата и за време на пости.
Ашуре е десерт кој покрај прекрасниот вкус, го штити и здравјето. Тоа е незаменив дел од турската кујна и претставува значаен извор на протеини. Исто така содржи масни киселини, витамини и минерали, како железо, цинк, калциум кои го зајакнуваат имунолошкиот систем. Помага во варењето на храната и може да се користи и за време на диета. Затоа, пробајте го рецептот за посно ашуре, десерт кој сигурно ќе ве воодушеви!

Состојки:
- 300 г пченица
- 2 чаши вода
- 40 г урми
- 40 г суви сливи
- 40 г суво грозје
- 40 г брусница
- 1 јаболко
- 3 лажици мелени лешници
- 150 г орев
- кора од портокал
- 5 лажици шеќер во прав
- густин по потреба.
За декорација:
- кокос
- кикири, ф`стаци
- калинка
- ленти од бадеми и лешници.
Подготовка:
- Во сад со вода ставете ја пченицата да се вари.
- Сувото и свежото овошје ситно исечкајте ги. Кога пченицата е сварена додајте ги во садот. Ставете ги и јаткастите плодови и ренданата кора од портокал. Оставете ги да се варат заедно.
- Додајте 2 чаши вода и шеќер во прав и оставете да повари. Доколку е многу течно може да ставите и една лажица густин пред крајот за да се згусне.
- Со лажица, готовото ашуре ставете го чаши. Оставете да се излади и декорирајте со кокос, калинка и јаткасти плодови или по желба. Послужете го и уживајте во уникатниот вкус. На здравје!
Автор на рецептот: Ана Наумовска (baked_with_love_by_ana).
Ви препорачуваме да прочитате: Готвиме со Ана – Чурос крофни.