Мек, сочен и фантастично вкусен колач за целото семејство! Со слатка магија и квалитетните производи на Витаминка приготвивме посно медено срце – чоколаден колач со овошје.
Подготовката е едноставна и веруваме дека секој може да го направи овој колач. На вас останува да изберете мармалад по желба и да одвоите 10-тина минути за подготовка.

Состојки:
- 2 ½ чаши брашно
- 1 ½ чаша шеќер
- 1 ќесичка (3 грама) сода бикарбона
- 1 ќесичка прашок за печиво
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- 2 лажици какао
- 1 мала лажичка цимет
- 3 лажици масло
- 2 чаши газирана вода
- 10 до 15 лажици мармалад по избор.
За чоколадна глазура:
- 200 грама посно чоколадо
- 3 лажици масло
- свежо или замрзнато овошје за декорација.
Подготовка:
- Во длабок сад за матење ставете ги брашното, шеќерот, содата, прашокот за печиво, ванилиниот шеќер и какаото. Измешајте ги состојките со лажица.
- Во садот додајте ги маслото, газираната вода и пет лажици мармалад. Измешајте со лажица за да се добие хомогена смеса.
- Правоаголната тава (бр.40) намрсете ја и набрашнете ја. Во тавата ставете ја смесата за колачот. Печете во загреана рерна на 220 степени за време од 20-25 минути. Печениот колач оставете го да се излади.
- Изладениот колач премачкајте го со преостанатиот мармалад.
- Чоколадото растопете го на пареа. Во растопеното чоколадо додајте го маслото и измешајте.
- Колачот прелијте го со растопеното чоколадо, а штом чоколадото малку се стврдни исечете парчиња. Декорирајте со свежо или замрзнато овошје по желба. Уживајте во светот на вкусовите!
Ви предлагаме да прочитате: Чоколаден колач со банани (куглоф).