Похувани печени тиквички во рерна

Уште еден одличен рецепт од Катерина М! Лесно и брзо може да направите вкусно јадење од печени тиквички во рерна. Комбинацијата од тиквички, копар и пармезан сигурно ќе ви се допадне, а вреди да се проба.

Тиквичките имаат мал број калории, богати се со растителни влакна, а овој рецепт го препорачуваме за сите кои спортуваат и внимаваат на својот изглед.  Копарот содржи голем број на состојки кои имаат антиоксидативна улога, со што ги неутрализираат слободните радикали и превенираат појава на болести. Пармезанот го надополнува вкусот, а богат е со протеини и калциум.

похувани печени тиквички

Состојки:

  • 2 тиквички
  • 3 јајца
  • 2 лажици брашно
  • ½ лажичка копар
  • 5 лажички рендан пармезан
  • 2 лажици маслиново масло
  • по потреба сол, црн пипер

Подготовка:

  1. Тиквичките исечете ги на кругови. Во длабок сад изматете 2 јајца. Во садот со јајца, додајте го брашното и мешајте со жица за матење за да се добие хомогена смеса. Потоа во садот додајте го копарот, посолете и наросете црн пипер.
  2. Во кружен калап ставете хартија за печење и премачкајте ја со маслиновото масло.
  3. Круговите од тиквички потопете го во смесата од јајца и брашно, и редете ги во калапот.
  4. Преостанатото јајце изматете го виљушка и ставете го врз тиквичките. На крајот посипете со ренданиот пармезан.
  5. Тиквичките печете ги во загреена рерна на температура од 200 степени додека убаво заруменат. По желба вкусните печени тиквички може да ги послужите со свежа салата и сирење. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигоровска

Сподели: