Дали знаете колку го сакаме овој период од годината? Украсување на домот, сијалички во различни бои, елка накитена со убави лампиони, и се разбира многу колачиња и убави моменти со најблиските. Тоа е симболот на ново годинешните празници. А кој се радува најмногу на веселите колачиња? Би рекле сите, но детските насмевки се најискрени и ја кажуваат празничната магија. Токму за нив, направете ги празничните бомбици со бело чоколадо.
Кокосот, лешниците и белото чоколадо од Витаминка, преточени во вкусни бомбици, по рецепт креиран во кујната на Сѐ за храна. Затоа драги пријатели, не двоумете се да го пробате рецептот и да ја збогатите празничната трпеза. Тајната на вкусните колачиња се крие во белото чоколадо и кокосот од Витаминка, а би рекле дека подобар рецепт нема!

Состојки:
- 100 мл вода
- 4 лажици шеќер
- 1 ќесичка ванилин шеќер од Витаминка
- 25 грама путер или маргарин
- 100 грама бело чоколадо – Синтагма млечен крем за торти
- 200 грама млеко во прав
- 200 грама кокос од Витаминка
- 100 грама лешници.
За декорација:
- 200 грама бело чоколадо – Синтагма млечен крем за торти
- бел, црн, розов и портокалов фондан.
Подготовка:
- Во длабок сад на оган ги ставаме водата, шеќерот и ванилиниот шеќер. Штом шеќерот се растопи, садот го тргаме од огнот и ги додаваме путерот и белото чоколадо кршено на коцки. Мешаме додека чоколадото се растопи.
- Во садот го додаваме млекото во прав и мешаме за да се добие хомогена смеса без грутки, а по потреба може да се искористи и миксер. Потоа постепено го додаваме кокосот. Потребно е да се добие средно тврда смеса за колачи.
- Од смесата земаме со рака и формираме топче. Потоа малку го притискаме и ставаме лешник. На крај формираме бомбица. Постапката ја повторуваме додека ја потрошиме целата смеса. Вака приготвените бомбици ги ставаме во замрзнувач за време од 2 до 3 часа.
- Белото чоколадо го ставаме во сад на пареа. Мешаме со лажица додека се растопи.
- Празничните бомбици ги чоколадираме со растопеното бело чоколадо и ги декорираме по желба со фондан во форма на снешковци. Уживајте во светот на вкусовите со Витаминка!
Ви предлагаме да прочитате: Посни бомбици со кокос и пудинг.
*Комерцијален рецепт