Новогодишните и божиќните празници се најубавиот период од годината. Трпезите изобилуваат со највкусни јадења, а задолжително на нив ги има и ванилиците. Ви предлагаме за време на овие празници да го пробате нашиот најнов рецепт за ванилици со цимет!
Нека замириса домот на свежо печени колачиња. Празничната магија е тука, а радоста е голема!

Состојки:
- 250 г маргарин или путер по желба
- 150 г шеќер во прав од Витаминка
- 1 ќесичка ванилин шеќер од Витаминка
- 1 ќесичка прашок за печиво од Витаминка
- 50 мл Брилијант масло
- свежо цеден сок и ситно рендана кора од 1 лимон
- 1 лажичка цимет од Витаминка
- 500 г брашно.
За декорација:
- 200 г Синтагма, млечен крем за торти и колачи
- шеќер во прав и кокосово брашно од Витаминка
- прехранбена зелена боја по желба.

Подготовка:
- Во сад за месење ставете ги маргаринот (на собна температура), шеќерот во прав и ванилиниот шеќер. Убаво измешајте ги со виљушка или миксер за да се добие хомогена смеса.
- Во садот додајте ги маслото и сокот од лимон. Измешајте и додајте ги кората од лимонот и циметот. Постепено додавајте го пресеаното брашно и замесете средно тврдо тесто. Тестото не треба да се дроби, ниту да се рони.
- Од тестото формирајте топка и ставете го во садот за месење. Покријте го со најлонска фолија и оставете го да стои околу 20 минути.
- Потоа, врз набрашнета работна маса ставете го тестото и исучете кора со дебелина од 1 см. Со помош на калапи формирајте колачи со форма по желба (ѕвезди, елки…).
- Колачињата редете ги во тава, која претходно сте ја обложиле со хартија за печење. Ванилиците печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени, за време од 10 до 15 минути. Печените колачи треба да бидат со светла боја. Ванилиците оставете ги да се изладат.
- Во меѓувреме, кокосот ставете го во најлонска ќеса и додајте малку прехранбена боја во прав. Потоа, ставете неколку капки вода и измешајте. Така ќе добиете зелен кокос кој може да го користите за декорација.
- Изладените ванилици со цимет посипете ги со шеќер во прав или чоколадирајте ги со растопена Синтагма. На крај декорирајте ги со зелениот кокос.
- Готовите ванилици сервирајте ги во форма на елка и уживајте во светот на вкусовите!


Ви предлагаме да прочитате: Празничен чоколаден ролат – Божиќна гранка.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.