Прелив за салати со јогурт и зачини

Прелив за салати со јогурт и зачини

Многумина обожаваат салати со вкусни преливи. Цезар, прелив со јогурт, прелив со зачини… Листата на преливи – сосови кои може да ги користите е долга, а оброк салатите добредојдени во било кое време. А сега во вашата тетратка со омилени рецепти запишете го овој прелив за салати со јогурт, зачини и авокадо. Сигурни сме дека ќе го засакате, бидејќи салатите добиваат многу подобар и поинтензивен кремаст вкус.

Од друга страна, авокадото изобилува со здрави масти, па приготвената салата ќе биде многу похранлива и ќе заменува комплетен оброк. На кратко би рекле: ем вкусен, ем здрав прелив кој може да го додавате во секоја салата.

прелив за салати со јогурт

Состојки:

  • 2 чаши јогурт
  • 1 авокадо
  • свежо цеден сок од 1 лимон или лимета
  • 2-3 гранчиња свеж магдонос
  • 1 чешне лук
  • ¼ лажица лута буковска пипер по желба
  • 1 лажица масло
  • морска сол
  • мелен црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Авокадото пресечете го на половина и извадете ја семката. Со помош на лажица извадете ја внатрешноста од лушпата.
  2. Лукот иситнете го со помош на преса, а доколку немате ваква алатка ситно исечкајте го.
  3. Потоа во блендер ставете ги јогуртот, парчињата авокадо, лимоновиот сок, магдоносот, лукот, маслото, посолете со морска сол и свежо мелен црн пипер.  По желба додајте лута буковска пипер. Блендирајте додека добиете мазна и кремаста смеса. Доколку преливот е многу густ додајте уште малку јогурт и масло.
  4. Вака подготвениот прелив за салати може да го чувате до 1 недела во фрижидер во херметички затворен сад.
  5. На крај, направете салата со домати, краставици, марулка и други зеленчуци по избор и додајте од приготвениот сос.

Ви препорачуваме да прочитате: Цезар салата со пилешко месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: