Тостерките се интересен десерт кој со години постои на нашите традиционални трпези и го паметиме од времето на нашите баби кои како домаќинки често припремаа благи тостерки. Обично возрасните ги пиеја со кафе, а децата ги обожававме безрезервно на секоја средба.
Во име на љубовта кон овој десерт, ви предлагаме да ја искористите можноста што ве потсетуваме на нив и во најскоро време да ги направите за саканата личност или за пријателите и омилените членови во семејството.

Состојки:
- 250 мл пиво
- 1/2 ќесичка прашок за печиво
- 2 мали лажички шеќер
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- 2,5 мали филџалиња масло
- 400-500 гр брашно
- суво грозје, орев, кокос, цимет по вкус.
Подготовка:
- Во длабок сад за месење ставете ги сите состојки и замесете твдро тесто. Доколку сметате дека има потреба додајте уште малку брашно.
- Од тестото формирајте топчиња со големина на орев, а потоа поставете ги да се печат на тостер додека добијат убава црвена боја.
Рецептот го испратил: Ангелина Илиевска