Сочно и нежно, меко како облаче! Време е за највкусното домашно мачмалоу! Да се потсетиме на прекрасниот мирис на детството.
Дознавме дека овој рецепт оригинално потекнува од Риека, а деновиве се одлична можност за ваков десерт. Потребни се неколку состојки и малку време да се излади, па ако го подготвите вечерва, утре ќе можете да уживате во вкусот на нежните пенести. Рецептот е проверен и од нашата пријателка Лана, а еве како да го направите.

Состојки:
- 300 гр шеќер
- 75 шеќер во прав
- 1 белка
- 150 мл ладна вода
- 2 кесички желатин (20 грама)
- 150 мл топла вода
- 200 гр кокос за декорација
- 1 лажица какао.
Подготовка:
- Во длабок сад ставете го шеќерот, белките и ладната вода. Посебно растворете го желатинот во топлата вода, па додајте го во претходната смеса. Матете со миксер околу 30 минути.
- Измешајте ги какаото и кососот, па еден дел распоредете го на дното на прагоаголна тепсија.
- Потоа, посипете од изматената смеса, израмнете добро и повторно посипете од смесата со какао и кокос. Чувајте го на ладно, а може и да го замрзните.
Предлог плус: Во изматената смеса можете да додадете и неколку капки арома/екстракт по вкус, на пример од малини, па колачот ќе добие нежно розева боја и фин вкус. Исто така, готовите мачмалоу коцки можете да ги ставите на стапчиња или цевчиња и да добиете декоративни колачи.
Ви препорачуваме да прочитате: Чоколадни кремасти коцки со бисквити и лешници.