бајадера

Рецепт за највкусната домашна бајадера

Ова е највкусната бајадера која ја имаме пробано! И благодариме на Клара за одличниот рецепт кој го сподели со сите нас. Сигурни сме дека комбинацијата од чоколадо, ореви и бисквити ќе го освои вашиот вкус.

Од наведената количина на состојки ќе добиете голем број на мали вкусни парчиња бајадера, кои се одлични за куќни свечености, слави и родендени. Ако сакате да го заблажите вашето семејство, количина на состојките може да ја намалите на половина.

бајадера

Состојки:

  • 500 гр шеќер
  • 500 гр мелени бисквити
  • 200 гр мелени ореви
  • 175 мл млеко
  • 300 гр путер
  • 1 лажица какао
  • 100 гр црно чоколадо
  • 100 гр бело чоколадо.

Глазура:

  • 100 гр црно чоколадо
  • 2 лажички маргарин
  • 1 лажица масло.

Подготовка:

  1. Млекото, шеќерот и путерот се ставаат на оган. Штом смесата зоврие садот веднаш се тргнете го на страна.
  2. Во врелата течност се додаваат мелените бисквити, ореви и добро се промешува со дрвена лажица.
  3. Потоа, смесата се дели на 2 дела. Во едниот дел се додава бело растопено чоколадо, а во другиот црното растопено чоколадо и какаото.
  4. Во погоден сад (со димензии оклолу 20х30), најпрво се расплескува црниот дел во дебелина од 1 прст (пожелно е малку да се стврдни во фрижидер) и потоа врз него да се стави белиот дел.
  5. Подготвената бајадера се остава кратко во фрижидер, додека се приготвува чоколадната глазура.  Чоколадото, маргаринот и маслото се ставаат во сад и се топат на пареа. Штом чоколадото се растопи, глазурата се става врз колачот.
  6. На крај, се остава добро да се излади и да се стегни, по што бајадерата се сечи на правоаголници со димензии околу 4х2 см.
  7. Преостанува само да ја направите и да уживате во незаборавниот вкус!

Рецептот го испратил: Клара Бос.

Сподели: