Време е на празници и раскошни трпези! Сигурно веќе го имате испланирано вашето празнично мени, но сѐ уште има време да ги изненадите вашите најблиски со вкусен и декоративен десерт. А сигурни сме дека овие Божиќни колачи ќе бидат омилени на најмалите во семејството.
Празниците се одлична можност да експериментирате во кујната и да ги подготвите омилените јадења. Разубавете ја вашата трпеза и послужете ги вашите најблиски со најубавите Божиќни колачи кои се топат во уста. Посакајте им добро здравје, успех и среќа во Новата 2022 година!

Состојки:
- 250 г брашно
- 75 г шеќер
- 150 г путер
- 80 г мелени бадеми
- 1 јајце
- прстофат сол
- 50 г мармалад од кајсии (или вкус по избор)
- 1 лажичка рум.
За наросување:
- шеќер во прав
Подготовка:
- Во подлабок сад ставете ги брашното, шеќерот, путерот, мелените бадеми и јајцето. Додајте малку сол и замесете тесто. Тестото завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер 60 минути.
- Извадете го тестото од фрижидер и на работната површина, со сукало развлечете кора со дебелина од 4-5 мм. Ако тестото ви се лепи, на работната површина ставете малку брашно.
- Со калапи извадете тркалезни форми. На половината од нив, во средината, со калап по желба, направете отвор. Редете ги во тава обложена со хартија за печење.
- Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени околу 12 минути. Испечените колачи извадете ги од рерна и оставете ги да се изладат.
- Откако ќе се изладат, земете едно крукче, премачкајте го со џем и поклопете го со парче на кое има отвор. Постапката повторувајте ја додека имате колачи.
- Вака подготвените колачињата наросете ги со шеќер во прав и послужете ги. Уживајте во вкусот!
Ви препорачуваме да прочитате: 7 трикови за полесна подготовка на празнични десерти.