Веруваме дека во време на пости овој рецепт за посни американски палачинки ќе ви користи и тоа како. Многу лесно се подготвуваат, а вкусот воопшто нема замерка.
Ви припремивме супер рецепт со кој, зависно од големината во која ќе ги правите палачинките ќе добиете 13-16 палачинки.
Може да ве интересира: Мини кафе палачинки.

Состојки:
- 300 гр брашно
- 75 гр кафеав шеќер
- 1 кесичка прашок за печиво
- 75 гр маргарин
- 1 лажица ванилин екстракт или 1 кесичка шеќер
- 530 мл соино, бадемово или оризово млеко.
Подготовка:
- Во поголем чист сад ставете ги прво сувите состојки. Измешајте го брашното со печивото и шеќерот.
- Потоа додајте го млекото, маргаринот и ванилиниот екстракт.
- Со помош на миксер убаво изедначете ја смесата, а потоа употребете мерица за дозирање или црпалка и определете колку големи сакате да бидат палачинките. Препорачуваме да употребувате количина на половина црпалка доколку е поголема или полна црпалка ако станува збор за помала.
- Палачинките се испечени кога ќе се појават меурчиња на горната страна. Од прилика за 3-4 минути е доволно за секоја страна, а огност треба да биде тивок. Сервирајте со мед или мармалад и уживајте. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Рецепт за највкусните американски палачинки.