На љубителите на кокос, рафаело бомбиците им се сигурно омилениот десерт. А ние постојано истражуваме во кујната и испробуваме нови рецепти. Овој пат ви приготвив посни рафаело бомбици со гриз на кои никој нема да остане рамнодушен. – вели Марија од нашиот тим.
Потребни ви се 15 минути да ги припремите, а се подеднакво вкусни како и рафаело бомбиците кои се приготвуваат со млеко. Направени со кокосово масло за уште подобар вкус!

Состојки:
- 200 мл вода
- 200 гр шеќер
- 100 – 150 гр гриз
- 150 гр кокос
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- 40 потпечени лешници
- 3 лажици кокосово масло.
За валкање:
- 50 гр. кокос.
Подготовка:
- Во тенџере на оган ставете ја водата, шеќерот и ванилиниот шеќер да се варат. Штом шербетот зоврие во тенџерето додајте го гризот. Мешајте додека смесата се згусти. Потоа, тенџерето тргнете го од огнот.
- Додајте го кокосовото масло и постепено додавајте од кокосот. Потребно е да добиете средно мека смеса.
- Од смесата формирајте мало топче, потоа притиснете го со прстите и во средината ставете лешник. Повторно формирајте бомбица и испрпелајте ја во кокосово брашно. Постапка повторете ја додека смесата се потроши.
- Припремените посни рафаело бомбици со гриз сервирајте ги во хартиени корпички, а може да ги чувајте во фрижидер или да ги замрзите.
- Поканете ги вашите најблиски и заедно уживајте во десертот. Пријатен апетит!
Препорака од авторот:
Aко ти се допадна овој рецепт, заследи ме на социјалните мрежи и разгледај повеќе идеи:
- Instagram – @kocovska.marija
- Facebook – Marija Kocovska
- Tik Tok – @marija.kochovska
Автор на рецептот: Марија Кочовска, @kocovska.marija.
Ви предлагаме да прочитате: Посни Рафаело бомбици.