https://sezahrana.mk/wp-content/uploads/2015/05/сутлијаш-со-пудинг.jpg

Рецепт за сутлијаш со пудинг

Приготвен од вештите раце на Марија од нашиот тим! Сутлијач или сутлијаш е вид на сладок десерт кој се добива со варење на ориз во млеко, а најчесто се додава шеќер, ванила, цимет и рендано чоколадо. Сутлијачот е дел од македонската, српската, бугарската и турската кујна од каде и потекнува овој десерт. Може да се служи топол или изладен.

На многумина им се допаѓа комбинацијата на сутлијаш со пудинг, па рековме да ја пробаме. Рецептот е лесен, едноставен и многу вкусен. Ако сакате да се заблажите, ви препорачуваме да го направите и да уживате во ориенталниот вкус заедно со семејството или пријателите.

сутлијаш-со-пудинг.jpg

Состојки:

  • 4 чаши млеко
  • 3 чаши вода
  • 1 чаша ориз
  • 5 лажици шеќер
  • 1 ќесичка пудинг од ванила
  • цимет во прав, по желба

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган, на средна температура ставете ги млекото, водата, шеќерот и оризот да се варат. Варете за време од 25 минути или додека оризот омекне, со повремено мешање.
  2. Прашокот за пудинг ставете го во чинија и додадете 50 мл вода. Разматете го добро пудингот со водата за да се добие хомогена смеса.
  3. Откако оризот ќе се свари, во тенџерето додајте го пудингот и варете 2 до 3 минути, додека смесата се згусни.
  4. Припремениот сутлијаш со пудинг ставете го во влажни стаклени чинии и оставете го да се излади. Пред служење, сутлијашот наросете цимет во прав. На здравје!

Препорака од авторот:

„Пробајте нова комбинација на омилениот сутлијаш! Пребарувајќи низ мојата архива на рецепти го пронајдов овој превкусен рецепт. Инспирацијата ја најдов на интернет и реков да го испробам. И воопшто не погрешив, превкусен е и ќе ви се допадне и вам!

А ако имаш прашања за подготовката пиши ми на Facebook или Instagram. Посети ги моите профили и пронајди ја твојата инспирација за подготовка на вкусно јадење или десерт. Може да ме следиш на:

А штом ги направиш сутлијашот испрати ми ги фотографиите или означи ме на твојата објава. Со задоволство ќе ги споделам на стори. И најважно од сѐ – приготви ги со љубов и сподели ги со најблиските.“ – вели Марија.

Автор на рецепт и фотографии: Марија Кочовска@kocovska.marija.

Ви предлагаме да прочитате: Традиционален рецепт за раванија со гриз.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: