Рецепт за татлии

Рецепт за татлии

Ако сте љубител на колачи прелиени со шербет, ова е вистинскиот рецепт за вас! – Ви откриваме стар традиционален рецепт за татлии, кој сигурни сме дека ќе ви се допадне и ќе сакате да го пробате. Не е потребно многу време за подготовка, а ќе добиете одлично слатко задоволство!

Татлиите имаат повеќе варијанти за подготовка, а ние ви предлагаме да го подготвите рецептот кој ни го споделија нашите пријатели од Алфа Плам. Тие велат: „Како и повеќето стари рецепти од врањскиот крај, татлијата потекнува од Турција. Тоа е колач кој се пече и се прелива со шербет. Пробајте го во прва прилика!“

рецепт за татлии

Состојки:

  • 150 г путер
  • 2 јајца
  • ½ коцка свеж квасец
  • 2 лажици млеко
  • кора од еден лимон
  • 300 г брашно
  • 300 г шеќер
  • 1 чаша вода
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • сок од половина лимон.

Подготовка:

  1. Во сад со млако млеко растворете го квасецот.
  2. Во друг сад изматете ги жолчките и путерот. Додајте го растворениот квасец и убаво измешајте за состојките да се соединат.
  3. Додајте го брашното и изренданата кора од лимон и замесете тесто. Од тестото формирајте 30 топчиња.
  4. Секое топче притиснете го на грубата страна од рендето и виткајте го за да добиете долгнавесто парче. Формираните парчиња од тесто редете ги во тава обложена со хартија за печење.
  5. Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени додека поруменат. По потреба, намалете ја температурата на 180 степени, за да не изгорат. Печете за време од 15-20 минути. Татлиите извадете ги од рерна и оставете ги да се изладат.
  6. Во сад на оган ставете ја водата и додајте ги шеќерот, ванилиниот шеќер и лимоновиот сок. Оставете го шербетот да вари неколку минути.
  7. Ладните татлиите прелијте ги со жежок шербет и оставете ги да се изладат. Послужете ги во комбинација со топол чај и уживајте!

Совети плус:

  • Татлите прелиени со шербет најдобро е да ги оставите да отстојат преку ноќ, а потоа да ги послужите.
  • А за да направите највкусни татлии, колачите печете ги во шпорет на дрва. Мирисот кој ќе се шири од вашата кујна ќе ги привлече сите, од најмлади до најстари за да пробаат од вкусниот традиционален десерт. Широката палета на производи од Алфа Плам, освен шпорети со електрична и комбинирана програма, нуди и разни модели на шпорети на дрва. Разгледајте ги нивните производи на нивната веб-страница од каде што може и да нарачате шпорет по ваш избор. За сите новости следете ги на нивните фан страници на Facebook и Instagram. Уживајте во готвењето со Алфа-Плам!
татлии

Ви предлагаме да прочитате: Црвенци – брзи и освежителни посни летни коцки.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: