црвенци посни летни коцки

Црвенци – брзи и освежителни посни летни коцки

Дали знаете што се црвенци? Дали сте се запрашале како се прават? – Тоа е лесен и едноставен десерт со фантастичен вкус кој потекнува од Врање. Ако сте љубител на десерти и не сте многу искусни во правењето торти, тогаш ова е вистинскиот рецепт за вас. „Некогаш, овој десерт можеше да се најде во секоја слаткарница во Врање, но со текот на времето неоправдано е заборавен.“ – велат нашите пријатели Alfa-Plam кои го споделија рецептот со нас.

Можеби вкусните црвенци ги нема во слаткарниците, но затоа можете да си ги направите дома. Потребни ви се неколку состојки и малку слободно време. Овие брзи и освежителни летни коцки може да се јадат и за време на пости. Не пропуштајте да ги пробате и да уживате во уникатниот вкус!

посни летни коцки - црвеници

Состојки:

  • 2 л вода
  • 20 лажици шеќер
  • 200 г густин (нишесте)
  • 40 г ванилин шеќер или 1 лажица екстракт од ванила
  • 5 капки екстракт од јагода или малина.

За декорација:

  • јаткасти плодови – ореви, лешници, бадеми…

Подготовка:

  1. Во подлабок сад ставете 1,5 л вода и додајте 20 лажици шеќер. Садот ставете го на оган.
  2. Во друг сад ставете пола литар вода и густин. Мешајте додека густинот се раствори.
  3. Штом шербетот зоврие додајте го растворениот густин и промешајте. Оставете ја смесата да се вари 5-7 минути.
  4. Пред крајот на варењето додајте ванилин шеќер или една лажица ванила екстракт.
  5. Потоа, смесата поделете ја на два дела. Во едниот дел додајте екстракт од јагода или малина.
  6. Во тава, претходно натопена во ладна вода, ставете го белиот дел од смесата. Потоа, врз белиот прелијте го и обоениот дел.
  7. Тортата оставете ја да се излади на собна температура, а потоа ставете ја во фрижидер.
  8. Исечете ја на коцки, декорирајте ги со јаткасти плодови и послужете ги во комбинација со омиленото кафе. На здравје!

Наша препорака:

Во овие топли денови олеснете го и скратете го вашето време поминато во кујната со избирање на еден од електричните шпорети на Алфа-Плам. Долгогодишната традиција и квалитет ги прават прв избор штом станува збор за шпорети и грејни тела. Во нивната палета на производи може да најдете електрични шпорети, комбинирани електрично-плински уреди, мини електрични шпорети, решо и плинско решо. Сите производи можете да ги разгледате на нивната веб страна, а за сите новости следете ги нивните фан страници на Facebook и Instagram. Уживајте во готвењето со Алфа-Плам!

црвенци алфа плам шпорет

Ви предлагаме да прочитате: Самса – врањска пита за гурмани.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: