Руски рецепт за чај за намалување на крвниот притисок 1

Руски рецепт за чај за намалување на крвниот притисок

Овој едноставен и навистина ефикасен рецепт кој ни доаѓа од руската традиционална медицинa ќе ви помогне го регулирате покачениот крвен притисок, а и значително ќе ви го подобри имунитетот. Во продолжение дознајте го рецепттот за познатиот руски чај за намалување на крвниот притисок.

Подобрувањето може да се почуствува после само 5 дена од употребата на овој чај. Прво може да очекувате да ви се намалат главоболките и вртоглавиците, а после еден месец ќе може постепено да ја намалите употребата на лековите за намалување на крвен притисок. Секако, што и да сакате да правите, треба да биде во консултација со вашиот доктор кој ви ја следи состојбата на крвниот притисок.

Руски рецепт за чај за намалување на крвниот притисок 2

Состојки:

  • 5 супени лажици борови иглички ( може да ги најдете во продавниците за здрава храна или во билна аптека)
  • 2 супени лажици шипинки
  • 2 супени лажици лушпи од кромид
  • 1 л ладна вода.

Начин на подготовка и употреба:

  1. Сите состојки ставете ги во подлабок сад и прелијте ги со ладна вода.
  2. Садот загревајте го додека водата зоврие, а потоа намалете ја температурата и чајот варете го на тивко околу 10 минути. Притоа, садот треба да биде поклопен.
  3. Откако чајот ќе се свари оставете го да се излади околу 20 минути, па процедете го.
  4. Од вака подготвениот чај пијте по ½ литар на ден. Целата подготвена содржина треба да ја испите за 2 дена, а потоа направете нов чај. Пијте го секојдневно во рок од 2 месеци.
  5. Покрај тоа што овој лековит чај ќе ви помогне да го намалите крвниот притисок тој и ефикасно ги чисти белите дробови и цревата, го подобрува имунитетот, а исто така нема да имате повеќе потреба од диуретици.

Ви препорачуваме да прочитате: Со здрави навики против висок крвен притисок.

Сподели: